vesti24.mk
ЗАБАВА

Се сеќавате ли на тажното момче кое плачеше и велеше дека ќе си го одземе животот- сега е на уште поголема мака (ФОТО)

ECA

Девет годишното момче Квајден Бејлс од Австралија кое пред неколку месеци го растажи буквално целиот свет кога неговата мајка објави видео снимка на која тој вели дека ќе се убие поради малтретирање овој пат е на нова мака.

Имено австралиските медиуми објавуваат дека тој покрај болеста и џуџестиот раст сега се бори со уште еден проблем.

Станува збор за пренатрупаност на неговите заби по што мора повеќето да ги извади.

Неговата мајка на Фејсбук објавила фотографии од рендген снимката на која се гледаат неговите заби кои растат едни врз други.

Засега тој ќе извади само осум заба наведува неговата мајка, додека претходно извадил седум заба пред неколку години.

-Квајден во моментов доби анестезија, мора да му се извадат осум заба, седум години откако му беа извадени седум други заба поради пренатрупаност, како што гледате на неговата најнова рендген снимка, напиша неговата мајка на Фејбсук.

Posted by Stand Tall 4 Dwarfism on Sunday, September 13, 2020

За потсетување ова момче ги растажи сите ширум светот кога неговата мајка го снимаше во февруари во автомобил каде плаче и зборува дека ќе се убие бидејќи е жртва на малтретирање.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts