vesti24.mk
ВЕСТИ

Се судрија два автомобили на автопатот Тетово-Скопје, еве ги деталите од несреќата

ECA

Две лица се полесно повредени во сообраќајка што се случи попладнево околу 16 часот на автопатот Тетово-Скопје, информираат од тетовската полиција.

– Сообраќајната незгода се случила на автопатот на неколку километри од наплатната рампа Желино, а во која учествувале две патнички возила „голф“ со скопски регистерски ознаки и „мерцедес“ со регистрации од Германија. При судирот се повредени две лица, сопатничка во „голфот“ и сопатник во „мерцедесот“. Повредените лица се однесени во Клиничката болница во Тетово и по укажанаа лекарска помош се пуштени на домашно лекување, информираше Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

На местото на сообраќајната незгода е извршен увид од страна на полициски службеници.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts