vesti24.mk
ВЕСТИ

Симовски: Методологијата за пописот се објавува во Службен весник во рок предвиден во закон, затоа ја нема сега

ECA

Цела методологија за пописот не може во законот. Методологијата е стручна работа, а ние имаме лошо искуство кога дел од методологијата беше во закон во 2002 и на сред седница со амнадман и се даде право пописот да го спроведува Државна пописна комисија не Завод за статистика, тоа е преседан, прекршивме закони затоа не се даваат методолошките детал. Ако со аманадман некој ја измени методологијата тогаш ќе немате стандард. Стандардите се на Обединити нации, не се наши не ги правиме ние, таму се дефинициите кои треба да се почитуваат.

Техниките на спроведување се познати. Методологијата за овој попис ќе биде објавена во Службен весник. Ја нема до сега затоа што методологијата се носи по законот и рокот за методологијата стои во законот, вели директорот на Завод за статистика, Ангел Симовски на гостувањето во емисијата Заспиј ако можеш што се емитува на телевизија Алфа,

Според него есента се разговарало со опозцијата.

-Со опозицијата есента се разговараше три месеци, на темата се разговараше со ВМРО-ДПМНЕ три месеци јас бев таму да објаснам.

Првиот амандман беше за пописот да биде во 2021 година и беше прифатен, дали сега е пандемија е друго прашање, вториот амандман е Државна пописна комисја да го спроведиува пописот и рековме нема шанси политичко тело да го спроведува, туку тоа ќе го прави институција или Завод за статистика, рече Симовски.
На прашање дали бил спречен Симовски да зборува на состанов во министерство за правда тој рече „ваша импресија е дека не ми било дозволно да реагирам на состанок во министерството за правда“.

Според Симовски нов амандман од ВМРО-ДПМНЕ е оној за фингерпринтот, а тоа е неприфатливо.
-Кога ќе дојдеме кај вас на пример да правиме попис автоматски се повлекуваат податоци за вас работно место, образование, место на раѓање, место на живеење, но има податоци и кои ги нема. Ги повлекуваме тие од базата, а за тиа што ги нема прашауваме за живородени деца, за етничка припадност, религиозна и на кој јазик се зборува во домаќинството, и ова се точни и проверени податоци. Или ако ве нема базите а ве пријавуваат веднаш се алармира, дали сте присутен или отсутен и тоа го проверуваме и затоа ако сака некој да лаже прави прекршок или казнено дело, кажа Симовски.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts