vesti24.mk
ВЕСТИ

Синдикатот на полицијата реагира за прераспределувањето на полициските службеници

ECA

Со самото настанување на Синдикат на полиција во Македонија нагласивме дека акцентот на синдикалната борба ќе го ставиме на „Започнување на синдикална борба со непрофесионализмот во Полицијата, крај на вознемирувањето на работниците, стоп за невладеење на правото односно стоп за незаконските распоредувања.“, велат од Синдикатот.

Во продолжение соопштението во целост

Бидејќи многумина наши членови во изминатиот период спротивно на сите правила и процедури, спротивно на закон и колективен договор во МВР добија веќе решенија без никаков правен основ чуствуваме потреба да се обратиме до Вас како Министер и до пошироката македонска јавност преку медиумите со Барање наведенета појава конечно да стане „историја“ и конечно да започне владеењето на правото и почитување на сите процедури при распоредувањето на работник по било кој основ во Министерството за внатрешни работи, велат од Синдикатот.

Воедно, најпрвен дозволете да го искажеме своето „Барање“ и да не запознаете нас и целата

Македонска јавност со „наводните измени“ од Законот за внатрешни работи или наводните измени во Колективниот договор на МВР каде распоредување на работник може да се прави врз основа на „ПРЕДЛОГ“ од Началник на Сектор за внатрешни работи. Срамно и жално е да Ве потсетиме дека наведеното преставува повреда на право од работен однос. Срамно е да признаеме дека како Министер сте дале „налог“ на правната служба (а таа „правна служба“ која освен до сега милионски суми за изгубени тужби во МВР друго и нема направено согласно закон) деновиве изработиле десетици и десетици решенија на „предлог“ како што пишува во самите решенија на одредени началници за внатрешни работи а спротивно на Законот за внатрешни работи и Колективниот договор на МВР каде без ниту еден правен основ наведен во решенијата работници се праќаат на работа надвор од нивното место на живеење а апсурдот да биде поголем по желба на „предлог“ на началници се праќаат и по други сектори за внатрешни работи каде работниците треба да патуваат до работното место повеќе од 50 километри. Сите наведени решенија се потпишани од Вас како Министер за внатрешни работи.

Но, тука не завршува се, како Синдикат особено не интересира и упатуваме јавно прашање до еден Синдикат кој наликува да се самонарекува единствен репрезентативен во МВР: Што правеа или дали само гледаа Вашите членови во комисиите за распоредување и дали барем еднаш во овие изминати години се спротиставиле на било кое незаконско решение при работа на наведените комисии? Сте реагирале ли некогаш бре господа синдикалци? Сте ги прочитале ли некогаш членовите 45 и 46 од Колективниот договор на МВР Вие Комисијо за распоредувањево МВР и Вие членови на еден Синдикат??? Кој ќе ги сноси трошоците од идните тужби кои ќе бидат пресудени на име штета на работниците од Вашето незаконско работење?

Согласно наведеното за оваа незаконска појава од Министерот за внатрешни работи (сакаме да веруваме и веруваме дека ова воопшто не е масло на Министерот односно зад сево ова стојат одредени началници на СВР во корелација со Одделот за правни работи во МВР) БАРАМЕ веднаш да престане и сите работници кои во изминатиов период добија решенија спротивни на Колективен договор односно се распоредени спротивно на нивната волја надвор од местото на живеење да се вратат на своите работни места а со тоа ќе покажете и докажете дека патот по кој се стремите да чекорите „Патот кон Европската Унија“ е ваш пат по кој навистина се стремите. Во спротивно ќе покажете дека тоа е само фарса и позицијата ја користите за справување со неистомисленици и професионалци кои чесно си го заработуваат лебот од својата професија.

Бараме веднаш да излезете со реакција до нас и во јавност каде ќе постапите кон враќањето на наведените работници во спротивно ќе бидат запознати сите релевантни институции како во
земјата така и во странство.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts