vesti24.mk
ЖИВОТ ЗАБАВА

Сите понекогаш паѓаме, но разликата помеѓу силните и слабите е во времето што го трошат за да се исправат!

ECA

Човек е силен, кога се смее и покрај болката…Човек е смел, кога ќе го надмине стравот и ќе помогне на останатите да го надминат нивниот. Човек е добар, кога сопствената болка не го прави слеп за болката на другите…Човек што ги прави другите луѓе среќни, не може да биде несреќен. Но ако посочиш некого со прст, не заборавај дека останатите четири се насочуваат кон тебе!

Сите ние живееме за тоа што се надеваме да го најдеме зад аголот и забораваме да се насладуваме шетајќи по улицата.

Можеби и не се сеќавате, но првите чекори на сите вас биле несигурни. Сте паѓале многукратно, сте си ја чукнале главата или коленото, но сте се исправиле. Сте научиле да одите. Сте научиле да трчате. Сте успеале да стигнете до тука. Браво за вас!

На истиот начин по кој сте научиле да одите вие се учите да правите и се останато. Правите неколку проби, ги правите првите неколку чекори, се залетувате, паѓате. И повторно се исправувате. Тоа е тајната на животот и лекциите што мора да ги научиме – повторно да се исправиме! Додека вака постапувате, никогаш нема да сте победени од животот.

Никогаш не се предавај!

Ако не можеш да леташ – обиди се да трчаш!

Ако не можеш да трчаш –  не престанувај да чекориш!

Ако не можеш да чекориш – тогаш ползи!

Но што и да правиш…никогаш не престанувај да се движиш напред!

извор:курир.мк

Loading...

Related posts