vesti24.mk
ЗАБАВА

Сијамски близначки имаа 30% шанса да преживеат: Денес, телата им се успешно раздвоени и одлично напредуваат

ECA

Шестгодишните близначки Ева и Ерика Сандовал се најдоа на насловните страници во декември 2016 година од најневеројатната причина: Преслатките девојки од Калифорнија беа подложени на операција во траење од 17 часа, во Детската болница Лусил Пакард во Стенфорд за да ги раздвојат нивните тела, бидејќи се родија како сијамски близначки.

Ева и Ерика се родени споени во градната коска, дијафрагмата, црниот дроб, карлицата и третата нога.

Девојчињата имале само 30% шанси да преживеат при раѓање. Но, Аида, нивната мајка, сфати дека ризикот од донесување на свет на Ева и Ерика е повеќе од вреден.

Според Си-Ен-Ен, „Вкупната стапка на преживување на сијамски близнаци е помеѓу 5 и 25 проценти, при што околу 75 проценти од хируршките поделби резултираат со преживување на едниот близнак“.

И не само тоа, туку хирургот Гери Хартман бил особено загрижен за Ерика, бидејќи таа била многу поситна од нејзината сестра.
„Колку повеќе калории и’ дававме на Ерика, толку поголема стануваше Ева“, рече тој за Фокс.

Денес близначките живеат оддвоени, одат во училиште, научија да користат протетски нозе (протези). Нивната мајка вели дека се интересираат за многу работи, хобија, желни се за нови знаења. И најважно, среќни се.

Погледнете во видеото, колку овие девојчиња напредуваат и се грижат една за друга.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts