vesti24.mk
ВЕСТИ

Скандал: „Јавно да каже Заев за што точно преговара викендов на тајни средби во Софија“

ECA

Овој викенд во Софија се одржуваат тајни средби помеѓу македонски бугарски владини претставници, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Ова досега Заев не го негираше. Според нашите информации се разговара за договор за јазикот, историјата, идентитетот и народните херои при што македонските владини претставници биле договорени да попуштат во црвените линии и ги прифатат бугарските максималистички барања.

Заев ги продава државните интереси на тајни средби додека во Македонија ја замајуваат јавноста.

Алармираме Заев и неговата влада во заминување да не и прават штета на државата и ниту еден договор кој ќе биде штетен нема да помине и нема да биде прифатен од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија не е на продажба“ – порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts