vesti24.mk
ЗАБАВА ТЕХНОЛОГИЈА

Слушнете како звучи новото Lamborghini

ECA

Љубителите на автомобилите од фабриката во Болоња со нетрпение чекаат повеќе детали за моделот 830 HP V12.

Lamborghini во моментов е меѓу водечките компании по продажба на „теренци“, но конструкторите не заборавија како се произведуваат моделите кои ги прославија во автомобилскиот свет.

„Разјарениот бик“ се враќа со стил и веќе знаеме како ќе звучи.

Проектот што уште нема име, почна минатиот октомври кога Lamborghini го најави новиот модел што се развива само за потребите на компанијата и ќе се користи за трки.

Lamborghini 830 HP V12 припаѓа во категоријата на славните модели Ferrari FXX-K и McLaren Senna GTR. За разлика од овие автомобили ои исто така може да бидат и патнички, новото Lamborghini нема да го видите низ град или на отворен пат, туку само на тркачките патеки.

извор: kajgana.com

извор:курир.мк

Loading...

Related posts