vesti24.mk
ВЕСТИ

СНИМКА ОД ДРОН- реката од народ и порача на власта: Нема да дозволиме да имаме поскапа струја, а посиромашен народ

ECA

Петнаесетина илјади граѓани попладнево беа излезени на улица на протестот кој го организираше партијата ВМРО-ДПМНЕ на чело со лидерот Христијан Мицкоски.

„Живот на вересија“, „Народ трпи за леб да се полни функционерски џеб“, „Мафија на робија“ се само неколку пораки на пароли со кои што граѓаните протестираа и го изнесуваа револтот.

Со свој статус и видео снимка од дрон се огласи и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

-Сакам од срце да се заблагодарам на сите што учествуваа на денешниот протест, но и до оние кои не поддржуваат и со своите срца се со нас, но поради разни причини не беа во можност да се приклучат.
Јасно е дека народот е незадоволен и дека не смееме да дозволиме да имаме поскапа струја, а посиромашен народ.
Изборот е мафија или Македонија!, стои во неговиот пост на Фејсбук.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts