vesti24.mk
ЗАБАВА

Совети за луѓето кои имаат проблем со акни и мозолчиња

ECA

Првиот чекор во борбата против мозолчињата на грбот е редовното туширање, по можност два пати дневно – наутро и навечер.

Тоа е особено важно доколку сте склони на потење или се занимавате со некој спорт.

Потоа, не треба дa користите производи за нега на кожа кои се масни и содржат парфеми.

Користете благи сапуни, пожелно е на база на бензоилпероксид или сулфур, бидејќи тие ја отстрануваат маснотијата од кожата.

Два до три пати неделно направете пилинг на грбот, но некој поблаг за да не ја оштетите кожата и со тоа да ја влошите ситуацијата.

Внимавајте и со што ја миете косата бидејќи разните балзами и сличните агресивни средства можат да ја исушат кожата на вашиот грб. Шампоните кои содржат ланолин, вазелин и петролеј, никако не се за вас.

Доколку акните на вашиот грб се упорни, посетете дерматолог, не козметичар, тоа е најдобрата превенција против лузни.

Хемиските пилинзи, меѓу останатото, можат да бидат од голема помош, но тоа мора да го обави медицинско лице.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts