vesti24.mk
ЗАБАВА

Совети: Како треба да се туширате во зима за кожата да ви биде убава?

ECA

Врелиот туш во зима изгледа како кратко бегство во рајот, но освен тоа што е пријатен тој не носи друг бенефит.

Американските дерматолози велат дека тоа е всушност една од најлошите работи што може да ѝ ги направите на кожата додека таа се бори со зимските температури.

Тие советуваат да ги направите овие неколку работи за подобро да се заштитите.

1. Намалете ја температурата на водата

Ако водата предизвикува црвенеење на кожата поради високата температура, тоа е знак дека треба да намалите со неа. Кожата дехидрира поради долгиот престој во затворени и загреани простории, така што врелиот туш не ѝ е најпријатен.

2. Ограничете го времето на туширање

Дерматолозите велат дека туширањето во текот на зимата не треба да трае подолго од пет минути.

3. Користете гел за туширање

Но гледајте да изберете гел за туширање кој е ph неутрален, богат е со масла за хидратација и е наменет за чувствителна кожа. Другите можат да придонесат за дополнително сушење на кожата.

4. Користете млеко за тело

Нанесете млeко за тело најмногу три минути по излегувањето од под тушот. Тогаш порите се отворени, а млекото ќе го спречи испарувањето на водата од кожата.

5. Направете си топла купка

Барем еднаш неделно туширањето заменете го со топла купка за регенерација на кожата. Во неа додадете камилица и рузмарин за поубава кожа. Нивните масла ќе ѝ ја вратат природната ph рамнотежа и ќе ја направат помека.

6. Ставете си и маска за тело

Доколку ситуацијата стане покритична, ставете си маска за тело. Измешајте една кафена лажица јогурт со една кафена лажица пасирано авокадо и две лажици мед и оставете ја да отстои 20 минути пред да ја измиете со млака вода. Тоа ќе го намали црвенилото предизвикано од студот.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts