vesti24.mk
ЗАБАВА

Солена баклава! Одлично предјадење за Велигден (РЕЦЕПТ)

ECA

Истражете нешто ново и внесете ги вкусовите на Бејрут во вашиот дом.

Либанската кујна е силна, слатка, зачинета и што е најважно – лесна за подготовка.

На крајот на краиштата, предјадење се нарекува мезе во арапскиот свет, така што преминот кон славна трпеза ќе биде природен процес.

Потребно е:
3/4 шолја стопен путер, 2 главици кромид, 2 чешниња лук, риган, мајчина душица, 200 гр фета сирење, шолја младо сирење, 2 јајца, 2 лажици млеко, 60 гр суви домати, сол, бибер, 300 гр кори за пита

Подготовка:
Загрејте 2 лажици путер, додадете исечен кромид пржете околу 5 минути. Додадете мелен лук и зачини, сирење и лук.
Изматете јајца, се меша со претходната маса и додадете бибер, млеко, ситно исецкани суви домати.

Подмачкајте ја тавата со путер, ставете 2 кори на дното и намачкајте ги со путер. Подготвениот фил премачкајте го во тенок слој до 1 см.

Продолжете со истата постапка сè додека не го потрошите целиот материјал и завршете со две кори премачкани со путер. Исечете го тестото на помали парчиња, печете на 200 C околу 45 минути.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts