vesti24.mk
ЗАБАВА

Сонцето влезе во нов 25-годишен циклус

ECA

Сонцето последниве девет месеци ја засили активноста и процесите на својата површина, излегувајќи од периодот на минимална активност, соопшти германскиот „Макс Планк институт за проучување на Сончевиот Систем“. Тоа значи дека нашата ѕвезда влегла во нов 25-годишен циклус, што ќе се одликува со повеќе ерупции и дамки на површината на самото вселенско тело.

Сонцето се движи во 11-годишни циклуси на максимална и минимална активност. Својот сончев минимум го имаше декември минатата година, како што велат научниците.

Logo-mps.pngСпоред прогнозите на Институтот, наредниов циклус веројатно ќе биде „исто толку мирен“ како и последниот таков, а најактивниот период се очекува од ноември 2024. до март 2026 година. Она што се случува на површината на Сонцето влијае и на нашата планета.

– Во фазите на висока активност, интензивното исфрлање честички и зрачењето од Сонцето може да се почувствува и на Земјата. Во најлош случај, сончевите бури може да предизвикаат технички проблеми, па дури и расипување на сателитите. Астронаутите исто така може да бидат изложени на опасности, рече научникот Роберт Камерон.

Новиот сончев циклус е 25-ти откако научниците почнаа да ги набљудуваат и пресметуваат. Изминативе 30 години, американската Национална воздушно-вселенска агенција НАСА и Агенцијата за следење на океаните и атмосферата – НОАА имаат група стручњаци задолжени за предвидување на сончевата активност во иднината.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts