vesti24.mk
ВЕСТИ МАКЕДОНИЈА

Со динамика на Филипче Македонија ќе има 158.000 вакцинирани до 2022 година, а Хрватска до крајот на мај ќе има 70% вакцинирано население

ECA

Досега голем број на граѓани во регионот се вакцинирани против КОВИД-19, бидејќи самиот процес започна во некои држави дури од декември месец. Вакцинација во Македонија започна вчера, но темпото како ќе се одвива граѓаните не се задоволни.

Министерот за здравство Венко Филипче во гостување во дневник на Сител телевизија пред неколку дена изјави дека ќе се вакцинираат до 4.000 граѓани на неделно ниво. Со тоа темпо кое што го најави министерот за здравство Венко Филипче, тза да се потрошат тие 316.000 вакцини односно 200.000 вакцини од „Синофарм“, 103.000 „Астра Зенека“ и 13.000 „Фајзер“ од Србија и купени потребни ќе бидат 79 недели. Што значи до крај на август 2022 година Македонија ќе има 158.000 вакцинирани.

И по изјавата имаше доста реакции од граѓаните бидејќи темпото ќе е многу споро, со вакво темпо цела Македонија нема да се вакцинира или пак 70% од население ќе има за неколку години. По реакциите од македонските граѓани, министерот за здравство Венко Филипче вчера во гостување на „Топ Тема“ рече дека нема на неделно ниво да се вакцинираат 4.000 граѓани туку на дневно ниво.

-Станува збор за вакцинирање од 300-500 луѓе на ден само на овој пунт на Инфективната клиника. Зашто сакаме сите вработени кои работат со ковид да бидат вакцинирани централизирано и со таа динаминка ќе стигнеме многу брзо со вакцинирање на сите здравствени работници кои работат со Ковид. Системот за вакцинација потоа ќе се дисперзира низ сите пунктови во државата. Капцитетот е меѓу 2ипол и 4 илјади на ден и за кратко време може еден сериозен процент од населението да се вакцинира, вели министерот за здравство Венко Филипче.

Додека министерот за здравство Венко Филипче, ги менува изјавите од ден во ден колкава бројка на граѓани би требало да се вакцинираат против КОВИД-19, во Хрватска властите планираат до лето да се вакцинира до 70% од населението.

-Целта на Хрватска во следните недели е да набави најмалку милион дози на руска вакцина против КОВИД-19 „Спутник V“, можно е дури и повеќе од потребно, а неофицијално се споменуваат и до два милиони. Така, Хрватска, заедно со пратките на други производители на вакцини, може да има 70 проценти од популацијата вакцинирани до летото, што се верува дека е потребно за запирање на епидемијата, што е одличен почеток за туристичката сезона од која зависи хрватската економија, пишува „Јутарњи лист“ .

извор:курир.мк

Loading...

Related posts