vesti24.mk
ЗАБАВА

Со породилни болки се качила на велосипед: Овој потег на политичарката го изненади светот (ФОТО)

Пратеничката од Нов Зеланд, Џули Ана Гентер, избрала необичен начин да стигне до болница за нејзиното породување.

Политичарката се качила на велосипедот и отишла во болница иако веќе имала болки и се породила еден час подоцна.

„Одлични вести!“, објави пратеничката на својот Фејсбук профил неколку часа подоцна.

„Утрово во 3 часот и 4 минути наутро го пречекавме најновиот член на семејството. Искрено не планирав да се породам, но на крајот се случи. Моите контракции не беа толку лоши кога тргнавме во 2 часот по полноќ за да одиме во болница – иако бевме оддалечени 2-3 минути, тие се интензивираа и стигнавме 10 минути подоцна“, напиша Гентер.

Таа додава дека сега имаат здраво, среќно бебе кое спие.

извор:курир.мк

Related posts