vesti24.mk
ВЕСТИ

Според Шекеринска, досега не набавиле вакцини за да не негодува народот дека врз него ќе се тестираат

ECA

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска со уникатно објаснување зошто цел месец по почетокот на вакцинацијата против Ковид-19 во повеќе земји од тоа во Македонија сè уште абер нема.

„Она што го правевме како држава е да се трудиме да ги добиеме вакцините, без притоа некој да каже дека ние нудиме наше население за тестирање… Оти, вие можете да замислите што ќе се случеше да објавевме пред неколку месеци ‘еве ќе имаме вакцини, ама кај нас ќе се прават дел од тестовите’… Тоа не го направивме затоа што сакавме да прифатиме практично завршен период на тестирање“, изјави Шекеринска во гостувањето во „Дневникот“ на ТВ Сител.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts