vesti24.mk
ЗАБАВА

Сред лет на двајца параглајдеристи им слетал неочекуван гостин – Нема да ви се верува од глетката

ECA

Двајца љубители на екстремните спортови биле крајно изненадени кога мршојадец слета на нивниот селфи стап среде лет со параглајдер.

Неверојатното видео е објавено денеска на Редит, а веќе го гледале скоро 90 илјади луѓе. На него е прикажано дуото кое го снима нивниот лет, а потоа од никаде се појавува мршојадец и застанува на селфи стапот, дури и во два наврати.

На снимката се појавува песната на Fleetwood Mac, Dreams, која неодамна стана вирална поради предизвиците на TikTok. Корисник на таа социјална мрежа @ 420doggface208 (вистинско име Нејтан Аподака) го започна трендот кога снимал на скејтборд со песната на Флитвуд Мек, а и Мик Флитвуд од бендот се вклучи во предизвикот.

Патем, под снимката на ноншалантниот мршојадец, како што многумина го опишаа, коментарите не престануваат да течат, а некои коментираат како се снима таква сцена еднаш во животот.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts