vesti24.mk
ВЕСТИ

Стефанова, Ајро, Пеливанов, Поп Трајкова и Колариќ се нови обвинители во ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција

ECA

Советот на јавните обвинители на денешната седница за јавни обвинители во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Скопје ги избра Лиле Стефанова, Артан Ајро, Трајче Пеливанов, Наташа Поп Трајкова и Катерина Коларевиќ.

На конкурсот за избор на пет обвинители во ова Обвинителство беа пријавени 14 кандидати, меѓу кои и Фатиме Фетаи, Љубомир Лапе, Елизабета Јосифовска, Никола Довлев, Имран Османи, Влатко Биковски, Оливера Проевска, Наташа Сарамандова и Верица Бешетска Крстева, кои не ги добија потребниот број гласови од членовите на Советот на јавните обвинители.

На денешната седница на Советот на јавните обвинители го избра Стојанчо Арнаудовски за основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Струга. За ова место конкурираа и обвинителите Џемал Лога и Благоја Даскаловски.

По паузата Советот на јавните обвинители ќе ја продолжи седницата со избор на нови обвинители во Вишото скопско обвинителство.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts