vesti24.mk
ВЕСТИ

Стејт департмент: Скопје и Софија да го решаваат спорот надвор од пристапниот процес

ECA

Од Стејт Департментот соопштија дека ги повикуваат Бугарија и Македонија билатералните спорови да ги решат надвор од пристапниот процес, за да се постигне заедничката цел за членство на Македонија во Европската Унија.

Ние сме јасни во нашата желба да видиме кандидатурата на Македонија да влезе во преговарачката рамка до крајот на оваа година – изјави за Гласот на Америка портпаролот на Стејт департментот, нагласувајќи дека ги поздравува напорите за преговори.

Во изјавата се вели дека процесот на проширување промовира долгорочен мир, стабилност и просперитет низ регионот.

Одлуката на ЕУ во март, да ги отвори пристапните преговори со Македонија беше позитивен чекор, и го негираше лажниот наратив дека трансатлантската заедница го запоставила Балканот. Одложувањето на пристапот на овие држави во ЕУ ризикува да се обноват прашањата за кредибилноста на ЕУ во регионот – изјави портпаролот на Стејт департментот, додавајќи дека САД се силен поддржувач на евроатлантската интеграција на Западен Балкан.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts