vesti24.mk
ВЕСТИ

Стоилковиќ: Македонските медиуми во одбрана на мафијашкиот режим на Мило Ѓукановиќ

ECA

Зошто македонските медиуми речиси едногласно известувајќи за Црна Гора секогаш застануваа зад мафијашкиот режим на Мило Ѓукановиќ, пишува на својот фејсбук-профил пратеникот Иван Стоилковиќ, претседател на Демократската партија на Србите во Македонија, по резултатите од вчерашните избори во Црна Гора.

„И не би било ништо чудно да станува збор за исклучоци, но ако се вратиме наназад и го поставиме прашањето за известувањата од политичките настани во Црна Гора во минатото, пак се поставува ова прашање…

Така беше и вчера иако сите знаеја дека опозицијата оди во три колони и дека очигледно беше опозициското расположение во црногорската јавност, па дури и тогаш кога самиот Ѓукановиќ призна дека нема мнозинство за составувањето на нова Влада, нашите медиуми известуваа спротивно. Поголемиот дел од нашите граѓани мораа да се информираат дури и од странските медиуми, српските нели се необјективни, кои сите до еден коментирајќи ги резултатите на изборите го пратија мафијашкиот режим на сметлиштето на историјата.

Дури не се потрудија да ја известат македонската јавност дека постои опозиција која би можела да го победи Мило Ѓукановиќ, опозицијата беше просрпска, што не ја одразува вистината, иако дел од опозицискиот фронт беше не просрпски, туку српски. За другите водачи на опозицијата мислам дека и самите немаат појма кои се Алекса Бечиќ и Модраг Лекиќ, за што се залагаат или па не дај боже за Дритан Абазовиќ, нели сите тие се српски четници, а Дритан е дури албански четник.

Не известија ни за оценките на ОБСЕ, „дека е замаглена границата меѓу државата и владеачката партија”, „дека владеачката партија имала неправедна предност заради широко распространетата злоупотреба на положбата и државните ресурси како и големата медиумска покриеност”. Специјалната координаторка на ОБСЕ кажува дека владеачката партија имала директна корист од нерамноправните услови, а шефот на ограничената мисија на ОБСЕ вели дека недостатокот на независниот надзор на медиумите овозможил отворена злоупотреба на државните ресурси.

За паметни луѓе и објективна јавност доста точно и прецизно кажано.

Затоа сосема оправдано се поставува прашањето од каде таа наклонетост на нашите медиуми кон Мило Ѓукановиќ и што им е тоа толку заедничко и блиско на македонските медиуми со неговиот мафијашки режим.

Прво, дали е тоа неговата апсолутно антисрпска политика која српскиот народ во Црна Гора иако е 32% од населението го дискриминира и го држи надвор од институциите на системот и во заложништво, иако тоа е спротивно со нашиот Рамковен, на пример каде 25% од Албанците управуваат со половината од државните ресурси на Македонија?

Второ, дали е тоа можеби ударот со кој сакаше да го одземе имотот на Српската православна црква наспроти фрустрирачката вистината што најголемиот број на православни храмови во Македонија во кои Македонската црква чинодејствува се задужбина на српската династијата Немањиќи?

Трето, дали е тоа можеби поврзаноста на нашиот политички естаблишмент со мафијашките структури од Црна Гора, Албанија и привремените власти во Приштина во трговијата со дрога, бело робје и оружје?

Четврто, дали можеби не сте свесни дека на тој начин правите политиката на антисрпки основи да биде есенција, односно суштинска определба и на македонскиот политички естаблишмент, исто како и политиката на Ѓукановиќ, и нели Ви се чини дека сето тоа преминува во патологија?

Петто, дали некој мисли дека и понатаму може така лефтерно да се избегнува соочување со последиците од креирањето на лажниот свет во кој живееме или е време за промени во однесувањето, или и понатаму ќе важи однесувањето „за туѓи бели дворови”?

Шесто, Мило отиде, знам дека нема да можете да го прежалите последниот балкански мафијаш и диктатор, но кај ќе одите Вие, сте размислувале за тоа, зар не? Ако не сте, е па време е?

И за крај нешто соема лично, ‘путуј игумане и не мисли за манастир’”, напиша вечерва Стоилковиќ.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts