vesti24.mk
ВЕСТИ

Стоилковски: Обвинителството мора да реагира за скандалот „Шик Јелак“, Заев отвора врата за анти – НАТО елементи

ECA

-Дозволете ми на почеток да ви го честитам најголемиот празник – Денот на независноста на Република Македонија.Се извинуваме што за време на најголемиот државен празник организираме прес конференција, но криминалот на власта не застанува исто како што не застанува и нашата борба против мафијата. Аферата Заев – Дака со која владата на Заев му овозможи на контроверзниот бизнисмен со руски врски бизнис 200 милиони евра покажува дека со државата владее мафија. Фактите недвосмислено укажуваат на тоа дека Давидовиќ – Дака е производ на Зоран Заев и неговата желба за пари, соопшти денеска на прес конференција, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Тој потенцира дека владата за три недели донела одлуки за продажба на „Шик Јелак“, комбинатот за кој што Дака во бомбите пред изборите вели дека дал мито од 300.000 евра. Сето ова се случува во време кога влада во оваа земја е СДСМ, а Зоран Заев раководи со власта.

-Правдањето дека Дака дошол во времето на ВМРО-ДПМНЕ дошол во државата се само изговор, фактите говорат дека во време на Заев и СДСМ заедно прават криминал со кој градат урбана мафија. Владата предводена од СДСМ и ДУИ на најмалку три седници одржани на 25.12.2018, и на 15.01.2019, како и на 07.02.2019 година дала согласност да се понуди остатокот од „Шик Јелак“ на Дака Давидовиќ кој веќе поседувал дел од „Шик Јелак“ искористувајќи празнини во законот, додаде Стоилковски.

-115-тата седница била водена од Вицепремиерот Кочо Анѓушев, додека 119-тата седница била водена од Зоран Заев лично. И на двете седници присутен бил генералниот секретар на владата Драги Рашковски.
Главната предност на Дака била тоа што знаел дека купува компанија која била под стечај по багателно ниска цена, за да потоа Владата на Заев и Општина Тетово водена од Теута Арифи гласаат за пренамена на дупот со кој му вцртуваат маркици за градба на 2 илјади станови бизнис вреден 200 милиони евра. Инаку главното прашање е кој би купил загубар ако знае дека троши пари во ветер? Дали е ова рецептот со кој се продаваат и земјиштата на други загубари во главниот град како на пример Треска каде власта планира нови згради и нова урбана џунгла во центарот на градот, истакна тој.

Брзата лента на добивање на документи укажува дека зделката е правена Дака да го добие имотот. Имено Министерството предводено од СДСМ за само 7 дена одлучува дека е во ред планот со кој што се предвидува во Тетово од 230.000 квадратни метри од кои само станови се над 2.000 со 8.000 нови жители. Планот се одобрува за само 7 дена, во услови кога граѓаните по месец дена не може да извади обично уверение од администрацијата водена од СДСМ. Ако било се чисто во овој случај тогаш Зоран Заев зошто не излезе на прес конференција да престави дека во државата влегува нова инвестиција од 2.000 станови во Тетово? Зошто не се пофали со тоа кога излегува во јавност и за други помали значајни работи. Одговорот е зошто прават криминал со кој Заев меѓу другото отвора врата за источно влијание во државата и подгревање на анти – НАТО политиките. Дака е главниот играч за руските интереси, а сега со Заев се ортаци во анти – НАТО политиките на државата. Нив ги обединува интересот за парите и профитот, додаде Стоилковски.

-Бараме итна реакција на обвинителството. Обвинителството мора да реагира. Овде имаме огромен скандал. Да се одговори кој е личниот финансиски интерес на Зоран Заев во планот со кој Тетово ќе го претвори во урбана џунгла. Дали државата ја става на располагање за перење на матен руски капитал?, заклучи портапоролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts