vesti24.mk
ВЕСТИ

Стоиљковиќ: Пописот власта го турка на сила, бројките се однапред договорени за да бидат потиснати одредени заедници, владата да го повлече пописот

ECA

Проблемот настанува во моментот кога државата ќе реши една пописна операција да ја спроведува на сила. Во моментов во Република Македонија има проблем, државата се обидува со сила да го спроведе пописот, ја гледаме изјавата на директорот на ДЗС кој рече дека ќе гони луѓе, ќе се оди 5 години во затвор, далеку од памет е директор на ДЗС да се заканува, вели лидерот на Демократската партија на Србите во Македонија и пратеник, Иван Стоиљковиќ за Дневникот на Сител Телевизија.

Тој додава дека повикот за бојкот е казнив со закон, но главниот проблем е што владата и тие кои го работеа законот за попис не сакаа да прифатат ниту еден предлог од опозицијата, а тоа е така затоа што ова е однапред договорен политички попис преку уцени кој има за цел да потисне одредени заедници.

– Ние предлагаме да има двајца попишувачи за да има кредибилност во процесот на терен, и не беше прифатено. Пописот е однапред договорена работа и како таков законот треба да биде повлечен и да се пристапи кон изработка на нов текст. Ова законско решение нема да ги даде вистинските резултати. Овде некој не е спремен на политички компромис кој ќе даде резултати, туку сака да манипулира однапред. Кога станува збор за попис кој е чиста политика, која ќе ги дефинира односите во Република Македонија за наредните 20 години и кој може да десеткува одреден број на национални заедници во Република Македонија, а тоа ќе се случи со овој попис, потенцираше Стоиљковиќ.

Во однос на изјавите на одредени политичари дека нема да ги признаат резултатите доколку нивната заедница не испадне одредена бројка вели дека тоа се уцени и со такви уцени е направен законот за попис.

– Ако одиме по логиката на одредени политичари во Македонија, јас ќе кажам дека Срби има не знам која си бројка, и дека доколку таа бројка не биде, јас тој попис нема да го признаам, тоа е пристапот на некои луѓе кои не се занимаваат со политика туку со уцени. И со уцени е дојдено до вакво законско решение, нагласи Стоиљковиќ

извор:курир.мк

Loading...

Related posts