vesti24.mk
ВЕСТИ

Стојаноски: СДСМ ќе се соочи со огромен пораз, а потоа ВМРО-ДПМНЕ мора да ја врати државата на граѓаните

ECA

Во вечерашното издание на дебатната емисија “Заспиј ако можеш” на ТВ Алфа гостуваше пратеникот во Собранието на Република Македонија од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски кој се осврна на моментални актуелни политички случувања, како и на лошите владини политики кои се забележуваат во секојдневнието на граѓаните на Република Македонија. 

СДСМ функционира на начин на кој што сите имаме можност да го видиме, а тоа е да манипулираат со граѓаните и да ги лажат дека во земјата економијата е стабилна, дека здравството е едно од подобрите во регионот, дека се носат странски инвестиции и така натаму, а единствена вистина е дека Македонија тоне и во моменти на светска здравствена пандемија, нема ниту една вакцина, истакна Стојаноски.

Овие функционери од СДСМ се свесни дека партиципираат во најлошата Влада која што некогаш била составена во Република Македонија, односно дека партиципираат во најнеработничката, а воедно предавничка Влада, вели Стојаноски.

На народот му е преку глава и не сакаат понатака да ги водат овие луѓе, бидејќи на Заев му беа дадени повеќе шанси, кои ниту ги искористи, ниту пак покажа дека во иднина следуваат светли денови, додаде Стојаноски.

“Јас ве уверувам дека во наредните неколку месеци СДСМ ќе се соочи со вистината дека ќе мора да ја препушти државата на нови политичари, сериозни политичари кои што ќе ја водат земјата на многу подобар начин. Во наредниот период ќе се отвори и темата за предвремени парламентарни избори заедно со локалните избори, кои што е очигледно дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ги добие и ќе управува со најголем дел од општините во Република Македонија”, истакна Стојаноски.

Граѓаните видоа со какви луѓе си имаат работа и кој ја водел оваа земја речиси пет години. Токму затоа ќе го казнат Зоран Заев и СДСМ и ќе ги испратат во историјата, а потоа ние, ВМРО-ДПМНЕ, сме должни да ја вратиме Македонија на вистински пат и оваа држава да се врати на победите и успесите, заврши Стојаноски.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts