vesti24.mk
ВЕСТИ

Студентска организација на ЕПП со осуда за приведувањето и тепањето на Калошев

ECA

Студентска организација на ЕПП најостро го осуди чинот за приведувањето и тепањето на Стефан Калошев и повика на почитување на правото на протест од страна на Владата предводена од СДСМ.

-Член на Извршниот комитет на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, членка на нашата организација од Македонија, беше уапсен денеска додека снимаше видео за време на мирен протест против Социјалдемократската влада во главниот град Скопје. Како Европски Демократски Студенти, ние силно го осудуваме овој чин ја повикуваме Социјалдемократската влада во Македонија да го почитува правото на протест.

Инаку, активистот на ВМРО-ДПМНЕ, Стефан Калошевски беше уапсен откако се обиде со својата камера да ја сними полицијата која ги запишуваше регистарските таблички на возилата кои ја блокираа раскрсницата, а беше конфронтирана од страна на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски.

Кога полицијата го забележала Калошевски како ја снима дискусијата помеѓу пратеникот и полицијата таа го уапсила при што тој добил удар во слабината и му биле ставени лисици на рацете.

Тој потоа беше одведен во полициска станица, а набрзо потоа под притисок на јавноста, присутните и пристигнувањето на лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски на блокадата кај Мавровка беше ослободен.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts