vesti24.mk
ЗАБАВА

Студија: Микроорганизмите во телото на човекот влијаат врз тежината на ковид симптомите

ECA

Кинеските научници од Универзитетот  во Хонг Конг објавија дека некои микроорганизми во системот за варање влијаат на одговорот на имунолошкиот систем на човекот и на тежината на болеста кај заразените лица со Ковид-19.

– Познато е дека заболените од Ковид-19 во својот гастро-интестинален тракт немаат некои добри бактерии, кои се познати како регулатори и стимулатори на човечкиот имунолошки систем, тврди д-р Сију Бг од Кинескиот Универзитет во Хонг Конг.

Таа во студијата објавена во научното списание „Гут“ наведува дека „дисбиос“ односно некои абнормални бактерии во нашиот систем за варање остануваат и по зазравувањето од Ковид-19 и влијаае врз развој на долгорочни стомачни заболувања. 

извор:курир.мк

Loading...

Related posts