vesti24.mk
ВЕСТИ

ТВ 24: Фрчкоски амбасадор во САД?

ECA

Дали државава конечно ќе добие амбасадор во најмоќната светска држава, откако во САД со години владата нема назначено нов амбасадор. Според високи владини извори еден од најсериозните кандидати за оваа позиција е професорот Љубомир Фрчкоски, кој и претходно се спомнуваше како кандидат за оваа позиција.

Името на потенцијалниот кандидат за амбасадор според процедурата треба да помине на владина седница откако претходно ќе биде предложен од министерството за надворешни работи како предлог услогласен и со претседателот Пендаровски.

Од МНР денеска нема одговор на прашањето на ТВ24 во однос на името на кандидатот за амбасадор во САД, а неофицијални извори од министерството објаснуваат дека пред добивањето на агреман од владата не смеат да објават ниту една позиција.

Професорот Фрчкоски пак вели дека нема коментар на оваа тема. Инаку името на професорот и лани се спомнуваше како една од можностите за оваа позиција, а тогаш како алтернатива се вртеше и името на Теута Арифи, сега градоначалничка на Тетово.

Во Собранието треба да почне и расправата за новиот закон за Надворешни работи кој според министерот Османи ќе продуцира 75% од дипломатите да бидат стручни а не политички решенија.

Државата инаку со години нема амбасадори во десетини држави во светот, па така Македонија освен во Вашингтон нема представник ниту во Брисел, Москва, Пекинг, а во екот на македонско – бугарскиот спор земјава нема амбасадор ниту во Софија.

Претходно за кочење на назначувањата беше обвинуван бившиот претседател Иванов, но и речиси цела година од мандатот на Пендаровски амбасадори сеуште нема. Новиот закон за надворешни работи според МНР јасно ги регулира надлежностите на претседателот на државата, Собранието, владата и министерот за надворешни работи, со што во иднина назначувањето на дипломати треба да биде поефикасен процес.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts