vesti24.mk
ЗАБАВА

Телото сигнализира за токсини: Научете да ги препознавате сигналите

ECA

Експертите пресметале дека просечен човек до својата 70-та година јаде дури 100 тони различна храна и пие околу 40 000 литри течност, од што барем петтина ги сочинуваат намирници кои нашиот организам не може да ги свари, ниту искористи како енергија туку претставуваат отпад кој се собира во организмот.

Вишокот на шеќер, рафинирани житарици, пржена и мрсна храна, алкохол и кофеин, преработени намирници со додаток низа хемикалии за продолжување на векот на траење и зголемување на вкусот, брза храна, сува храна која не содржи доволно влакна, па дури и сурови намирници кои организмот тешко ги вари, се само дел од листата намирници кои го оптоваруваат организмот.

Сето тоа треба да се поврзе со фактот дека многумина пијат премалку вода, која е важна за варењето, размена на супстанции и исфрлање на токсини од организмот, како и со навиката да се храниме нередовно, односно да прескокнуваме оброци, што може да биде причина за забавување на метаболизмот.

Затоа не чуди процената дека во текот на тие години, во цревата се акумулираат околу 15 килограми токсичен отпад, кој треба да се исфрли од организмот, за да не се поттикне развој на болести. Уште одамна Хипократ говорел дека „сите болести почнуваат во цревата“. Ова денес го поддржуваат бројни лекари и нутриционисти, откако бројните научни истражувања покажале дека ослабувањето на ѕидовите на цревата може да доведе микробите, отровите и несварена храна да се испуштат во крвотокот и да предизвикаат воспалителни процеси.

Денес, на пример, добро се знае дека слабите и попустливи црева може да предизвикаат гастролошки нарушувања, гихт и дијареја, но и автоимуни нарушувања како што се алергии, астма и артритис, ментални блокади, разни воспалителни состојби (егземи и акни), па и многу други, сериозни проблеми. Долготрајната консумација на масна и тешко сварлива храна, со премногу шеќер, премногу алкохол, може да предизвика болести на црниот дроб познати како масен црн дроб, како и појава на жолчни камења.

ПРЕПОЗНАЈТЕ ГИ СИГНАЛИТЕ КОИ ГИ ИСПРАЌА ВАШЕТО ТЕЛО

Ова се најчести знаци дека телото ви е полно со токсини:

· Акни и лош тен – Исхраната во која преовладува преработена исхрана, како што се салами, сосови, готови оброци и слично, односно намирници со додадени шеќери, може да предизвика воспалителни процеси на кожата. Тие често се манифестираат како уморна кожа полна со нечистотии и акни. Со промената на вашата исхрана, внимавајте и на грижата за лицето: Проверете дали перницата на која спиете е чиста и пронајдете некое средство за миење на кожата со соодветна PH вредност.

· Хроничен замор и конфузија – Хроничниот замор и недостаток на енергија се сигурен знак дека вашиот организам е преоптоварен со токсини. Ако наутро тешко се будите, или во текот на денот сте поспани, главата ви паѓа, иако ноќта спиевте доволно долго, тоа е типичен знак дека во организмот преовладува киселост и дека ви е потребен детокс. Ако оваа состојба ја занемарите, може да дојде до сериозни нарушувања во организмот.

· Чести главоболки – Ако вечерта претеравте со друштвото, се прејадовте и се напивте алкохол, речиси е сигурно дека наутро ќе се разбудите со главоболка. Таа е еден од знаците дека вашето тело е преоптоварено со токсини, посебно ако тие се појавуваат често и траат подолго време. Тоа најчесто не се тешки главоболки, туку незгодни тапи болки, слични на главоболката која се јавува кога има висока влага во воздухот и најчесто не поминува додека не се одмориме и ослободиме од тешката храна или пијалаци.

· Хронична општа болка – Хроничната болка која трае долго и боли „подмолно“, обично се јавува како симптом на воспаление кое настанало како реакција на наталожени токсини во одреден дел од телото. Тоа може да биде болка во вратот, рамениците или зглобовите, болка поради воспаление во уринарните патишта, бубрези… Најчесто се работи за „тивка“ болка која не „опоменува“ дека нешто не е во ред.

· Проблеми со спиењето – Ако ноќта долго време се превртувате во кревет и не може да заспиете, или пак се будите во текот на ноќта и не успевате да заспиете до утрото, а нема реална причина за тоа, тоа може да биде знак на наталожени отрови во организмот. Добро ќе ви дојдат повеќе физички активности во текот на денот, и топла купка на која ќе и додадете етерично масло, на пример лаванда, пред спиење.

· Незгоден мирис на телото и здив – Кога вашето тело е нападнато со токсини и не може да ги исфрли, тоа се одразува со незгоден здив и мирис на телото. Лошиот здив е резултат на бактерии и токсини кои се собираат на јазикот, додека незгодниот мирис настанува затоа што отровите по пат на пот, испаруваат преку кожата. Честа причина е премногу брза храна, и премногу шеќер во исхраната. Со здрава исхрана, обидете се да си помогнете.

· Алергии и осипи – Кога консумирате нешто што вашето тело не го препознава, или го доживува како напад на имунолошкиот состав, може да се јават осипи, првут, дамки на кожата или црвенило. Обидете се да водите дневник на исхрана и да утврдите на кои намирници така реагирате, па намалете ја нивната употреба. Ако овие реакции се јавуваат често, секако посетете алерголог, за да ја утврдите причината и да одредите кои намирници треба да ги избегнувате.

· Недостиг на енергија и депресија – Ако го третирате своето тело како канта за отпадоци, не можете да очекувате дека тоа нема да се одрази на расположението. Недостигот на енергија, умот, главоболки и слаба концентрација ќе доведат до тоа да се чувствувате лошо, бидејќи вашиот организам не функционира онака како што треба. Со промена на навиките и исхраната, размислете и за тоа дали ја работите работата која ве усреќува, но и со какви луѓе сте опкружени. Оддалечете се од оние кои се вечно незадоволни, фрустрирани и лути, бидејќи тоа ви ја краде енергијата.

· Подочници и изморени очи – Ако не спиете доволно, лошо се храните, ако сте изложени на зголемен стрес, би можеле да забележите некои суптилни знаци на труење – замаглени очи и многу изразени подочници. Тоа се знаци за кои треба да побарате помош. Зголемете го внесувањето на вода и земете си време за одмор. За секој случај проверете ја и состојбата со бубрезите, бидејќи изразени подочници може да бидат знак на нарушена работа на бубрезите.

· „Сало“ околу половината кое не може да се симне – Ако имате изразени масни наслаги околу стомакот и не можете да симнете килограми, па дури и кога држите ригорозни диети, тоа е знак дека е нарушена pH рамнотежата во телото. Тоа значи дека телото има потреба од алкализација. Еден од начините е да го зголемите внесувањето на течности и алкализирана вода.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts