vesti24.mk
ЗАБАВА

Телото со овие знаци ви кажува дека имунитетот ви е слаб, не ги игнорирајте!

ECA

Според експертите, најважно е да имате здрава и балансирана исхрана, квалитетен сон, контрола на стресот, избегнување алкохол и цигари, редовно вежбање и одржување лична хигиена.

Кои знаци откриваат дека станува збор за ослабен имунолошки систем?

1. Чести настинки

Нормално е во годината да настинете еднаш или двапати годишно. Но, честите настинки се очигледен знак дека имунитетот ви е ослабен. Долготрајната примена на антибиотици двапати годишно исто така значи дека нашето тело можеби не е подготвено за борба против микробите на кои е изложено.

2. Кожни инфекции

Кај изгореници, исеченици и модринки нашето тело реагира на тој начин што „испраќа“ богати хранливи материи за да се обнови оштетената кожа. Таа постапка на оздравување на кожата зависи од здравите имунолошки клетки. Кога имунитетот е ослабен, заздравувањето на кожата оди побавно.

Малите, болни ранички во устата, како и други кожни инфекции, би можеле да бидат знак на ослабен имунолошки систем.

3. Гасови, запек и надуеност

Нашиот дигестивен систем претставува скоро 70% од целокупниот имунолошки систем. Корисните бактерии и микроорганизми кои живеат таму ги штитат нашите црева од инфекции и го подобруваат имунитетот, нарушувањата на цревната флора можат да го зголемат ризикот од зарази со вируси или да предизвикаат хронично воспаление.

Сè повеќе научни истражувања покажуваат колку се важни здравите црева и секој ден учиме повеќе за врската на имунитетот со цревната флора. Подуеноста на стомакот, гасовите или запекот можат да бидат знаци за пад на имуниот систем.

4. Хроничен умор

Ако и понатаму се чувствувате уморно иако добро сте наспиени, можеби постои проблем со вашиот имунитет.

Постојат многу последици на хроничен умор, болки во зглобови, мачнини, намален имунитет. Сето ова може да значи дека е ослабен имунитетот.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts