vesti24.mk
ЗАБАВА

Тест на личноста во две секунди: Тоа што прво ќе го видите покажува што другите мислат за вас (ФОТО)

ECA

Тестовите на личноста откриваат многу за нас. Какви се нашите карактери, кои се нашите црти, па дури и какви сме во кревет!

Овој тест одговара на прашањето дали повеќе ја користите левата или десната хемисфера на мозокот, што кажува многу за вашата личност, интелигенција и моќ на расудување.

„Решението“ ќе зависи од тоа која половина од мозокот ќе ја користите повеќе!

Прво го видовте старецот

Вие сте понежна, почувствителна личност и сте многу сочувствителни.

Ја користите десната страна на мозокот повеќе од левата. Таа е задолжена за креативноста, „уметничкото“ расудување, имагинацијата, интуицијата и со тоа ние перципираме 3Д предмети, музика… Таа ја контролира левата страна на нашето тело.

Поради користењето на таа страна, луѓето погрешно мислат дека сте слаби, но не грижете се, вие сте доволно силни и интелигентни за да им покажете дека тоа што го мислат не е вистина.

Прво ја видовте девојката

Вие сте пресметани, внимателни и никогаш не брзате во животот.

Ја користите левата страна на мозокот повеќе од десната и таа е „задолжена“ за аналитичко размислување. Поради ова, другите понекогаш може да сметаат дека сте премногу ладни или незаинтересирани. Покажете им дека не е така!

Левата хемисфера на мозокот е одговорна за пресметковните процеси, науката, математиката, логиката.

Исто така, „содржи“ употреба на говор и јазик, пишување и броеви. Ја контролира десната страна на нашето тело.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts