vesti24.mk
ВЕСТИ

Тешко повредено едно лице: Автомобил излета од автопатот Тетово-Гостивар

ECA

На автопатот Тетово-Гостивар, во близина на Неготинска клучка, утрово околу 06.30 часот, патничко возило „даеву матиз“, со охридски регистарски ознаки, управувано од Џ.А.(53) од кичевско Шутово, излетало од коловозот.

Во незгодата, Џ.А. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во тетовската Клиничка болница, каде бил пренесен за укажување на лекарска помош.

На местото на незгодата увид извршила екипа од СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts