vesti24.mk
ЗАБАВА ХОРОСКОП

Тие се најголеми срцекршачи: Ако се заљубите во нив, треба да сте внимателни

ECA

Тие се доволно мили и шармантни за да се вљубите во нив, но и доволно силни за да го скршат срцето на партнерот оној миг кога повеќе не чувствуваат љубов и страст кон него.

Според астрологијата, токму овие три знаци важат за најголеми срцекршачи:

Јарец

Ќе ја прекинат и најсериозната врска ако партнерот покаже каков било знак на конфликт. Многу големи песимисти се, па понекогаш работите завршуваат уште пред да почнат само затоа што претпоставуваат дека нешто би можело да тргне на лошо. Многу се аналитични и очекуваат луѓето да бидат како нив.

Но, бидејќи тоа не е така, се случува да се разочараат и притоа често знаат да скршат многу срца.

Стрелец

Ќе ветат повеќе отколку што можат да исполнат, а тоа доведува до многу караници околу очекувањата. Токму затоа, Стрелците бегаат без да се свртат назад. Не сакаат да се занимаваат со проблеми и да ги решаваат, па ги завлекуваат партнерите и на крајот им го кршат срцето.

Факт е дека се доста забавни и шармантни, но им недостига сериозност за да остварат здрава врска.

Лав

Нивната самодоверба и енергија прават да биде привлечни за сите, така што умеат да влезат од врска во врска без проблеми.

Но, проблемот е во тоа што се многу себични.

Секогаш на прво место си ги ставаат личните интереси, никогаш тоа што е најдобро за партнерот. Кога ќе им стане досадно во врската, не се заинтересирани да го решат проблемот, едноставно се откажуваат и продолжуваат понатаму.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts