vesti24.mk
ЗАБАВА ТЕХНОЛОГИЈА

Тоалет вреден 23 милиони долари летна во вселената

ECA

Санитарниот чвор што американската вселенска агенција го прати во вселената е еден од највредните, ако не и највредниот во светот.

Станува збор за високотехнолошка постројка вредна 23 милиони долари која вчера полета на ракетата Antares до Меѓународната вселенска станица.

Санитарниот чвор со соодветно грандиозно име – Universal Waste Management System (UWMS) – е за 65% помал и за 40% полесен од тоалетот што сега го користат астронаутите и космонаутите во МВС.

Потребата за нов санитарен чвор се појави откако жените во вселената почнаа да укажуваат на непрактичноста на актуелниот, односно на конструкциските грешки на лентата за зацврстување на телото за да не одлебди од даската.

Новиот тоалет исто така има многу поекономичен систем за претворање на урината во вода.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts