vesti24.mk
ЗАБАВА

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

ECA

Чоколадната торта никого не остава рамнодушен… Посебно ако е здрава и направена од вистинско чоколадо, без глутен, без шеќер, без јајца и без печење. Со едноставни зафати, ова „Чоколадно срце“ се подготвува со три вида чоколадо.

Подготовка за првиот слој:

– 150 грама бадеми,
– 50 гр. исушен кокос во трошки,
– 3 лажици јаворов сируп (или течен засладувач – Ваш избор).

Тоа се сечка и потоа цврсто се притиснува на дното на калапот.

За кремот од какао, поребни се:

– 200 милилитри вода,
– 300 гр. индиски ореви (претходно натопени 30 минути),
– 100 мл. јаворов сируп,
– 60 гр. стопен путер со какао,
– малку хималајска сол,
– малку ванила во прав (не е задолжително),
– малку кардамон во прав (не е задолжително).

Сè тоа се става во блендер, сè додека не се добие еднолична крема. Потоа одделете 300 гр. од смесата и оставете ги настрана. Потоа, додадете 20 гр. какао во прав и 2 лажици јаворов сируп на преостанатиот крем во блендерот и изблендирајте.

Наизменично додавајте три лажици од белиот издвоен и црн крем – со повеќе какао – за да добиете црно-бело шаренило, сè додека не ја потрошите целата крем-смеса. Замрзнете ја смесата на еден час.

На крајот е глазурата од чоколадо:

– 50 гр кокосово масло, стопено,
– 2 лажици јаворов сируп,
– 2 лажици вода,
– 15 гр какао во прав.

Тоа се мати во сад и се прелива на тортата. Вратете ја тортата во замрзнувач на најмалку три часа или – преку ноќта пред да ја послужите. Таа треба да се стврдне доволно, за да може да се сече. Послужете ја со џем од малина или цреша.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts