vesti24.mk
ВЕСТИ

ТРАГЕДИЈА КАЈ ЛАСКАРЦИ: Еден починат, три лица повредени- еве ги деталите

ECA

Стравична сообраќајна несреќа се случи попладнево на автопатот Тетово- Скопје, во која има и една жртва.

Од СВР Тетово за КУРИР информираат дека на автопатот Тетово- Скопје во близина на с.Ласкарци, денеска во 17,53 часот, патничко возило „јагуар” со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Н.И.(49) од с.Чегране гостиварско, излетало од коловозот.

На местото на несреќата починал сопатникот Н.З.(53) од с.Чегране.

Возачот Н.И. и сопатниците А.К.З. и Б.И. се повредени и се пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts