vesti24.mk
ВЕСТИ

Триесетдневен притвор за Гостиварец поради неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги

ECA

Денеска попладне (29 април), судија во претходна постапка на Основниот суд Гостивар на 57-годишниот гостиварец С.Б. му определил мерка притвор од 30 дена, поради основано сомнение за сторено кривично дело “неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”, казниво по член 215 од Кривичниот законик, а кривично пријавен од СВР Тетово.

Пријавениот С.Б.ќе биде спроведен во Казнено-поправната установа Затвор “Скопје” во Скопје за издржување на притворот. При преглед на возило”ауди” со гостиварски регистарски ознаки, што го управувал С.Б., а кое вчера (28 април) било запрено на влезот на Гостивар бил пронајден и одземен хероин, по што С.Б. лишен е од слобода и задржан во Полициската станица Гостивар за расчистување и документирање на случајот.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts