vesti24.mk
ВЕСТИ

Три пожари во еден ден во Крива Паланка

ECA

Во изминатото деноноќие во Крива Паланка се случиле три пожари, сите на објекти, а проценетата материјална штета е над 1,2 милиони денари.

-Првиот пожар се случи вчера во раните утрински часови. Опожарена е помошна просторија, работилница, во која се опожарени неколку вида алат, машина за работа, топлификатор за инвертер, со што настаната е материјална штета од околу 1.200.000 денари. На пожарот е интервенирано со шестмина пожарникари и две возила. Вториот пожар, вчера утро се случил на станбен објект за домување, куќа, во која избувнал поради складиран отпад потпален од страна на синот на сопственикот. Опожарено е приземје, без значителна материјална штета, додека третиот пожар се случил во колективна станбена зграда, а причина е неисчистен оџак, изјави командирот на Територијалната противпожарна единица во Крива Паланка, Иле Коцевски.

Тој упати апел до граѓаните да ги чистат редовно оџаците, најмалку два пати во годината.

– Апелирам граѓаните сега на почетокот на грејната сезона да извршат чистење на оџаците за да не дојде до несакани последици, особено поучени од мината година, кога поради неисчистени оџаци се случија неколку големи пожари на кровни конструкции, по што настанаа големи материјални штети и пламените јазици проголтаа речиси се што сопствениците создавале целиот живот, нагласи Коцевски.

Тој ги замоли граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита од Ковид-19 за време на интервенциите на пожарникарите и да ја почитуваат препорачаната дистанца.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts