vesti24.mk
ВЕСТИ

Убава вест за скијачите: Намалени цените на билетите во Ски-центарот „Попова Шапка“

ECA

Ски-центарот „Попова Шапка“ информира дека ги намалува цените на билетите.

– Со намалувањето, од утре, па до крајот на сезоната, билетите ќе можат да се набават по следниве цени и тоа дневен ски-билет – 800 денари, полудневен ски-билет – 550 денари, детски ски-билет – 400 денари, ноќно скијање – 400 денари, поединечен билет за двосед „Син Врв“ – 150 денари, поединечен билет за шестоседата жичница „Лајтнер“ – 150 денари и поединечен билет за двосед „Св. Илија“ – 100 денари, се наведува во соопштението.

Од Ски-центарот посочуваат дека за сите билети се наплаќа повратна кауција во висина од 200 денари, кои средства се рефундираат при враќање на ски-билетот на благајната.

– И покрај пандемијата од Ковид-19, Ски-центарот „Попова Шапка, пред сѐ заради големото количество снег, но и заради ограничениот излез за патувања надвор од земјава со актуелната ситуација, бележи исклучително добра ски сезона. Од тие причини, новото раководство на „ЕЛЕМ ТУРС“, друштво кое стопанисува со Ски-центарот „Попова Шапка“, донесе одлука за намалување на цените на ски-билетите и на билетите за едно возење на жичниците во Ски- центарот со цел да помогне во семејните буџети и да овозможи поголема достапност на услугите на Ски-центарот на скијачите, бордерите и посетителите на Ски-центарот, се додава во соопштението.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts