vesti24.mk
ЗАБАВА ТЕХНОЛОГИЈА

Успешен тест на првиот летечки автомобил во Јапонија (ВИДЕО)

ECA

Јапонската компанија Скај драјв објави дека успешно го завршила пробното возење на својот летечки автомобил со луѓе во него.

Демонстрацијата се одржа на 25 август на полигонот на Тојота – еден од најголемите во Јапонија.

– Ние сме многу возбудени што го направивме првиот лет со автомобил со човечки екипаж, во Јапонија по само две години откако ја основавме Скај драјв – со цел за комерцијализација на ваквите летала, рече извршниот директор на компанијата, Томохиро Фукузава.

СД-03 е најмалото електрично возило со вертикално полетување и слетување во светот. Зафаќа простор колку два обични автомобила. Има осум мотори кои осигуруваат „безбедност во итни случаи“.

„Сакавме ова возило да изгледа футуристичко, харизматично и пожелно за сите идни клиенти, со целосна интеграција на високата технологија на Скај драјв“, се вели во соопштението на компанијата.

Оттаму сѐ уште не објавиле продажна цена на возилото. (МИА)

извор:курир.мк

Loading...

Related posts