vesti24.mk
ВЕСТИ

Утре, во понеделник и вторник посебен режим на сообраќај поради протест во Скопје

ECA

На 19.02.(петок), 22.02.(понеделник) и 23.02.2021(вторник) во временскиот период од 14:00 до 17:00 часот во Скопје најавен е протест организиран од страна на сопственици на ресторани за организирани настани, претставници на фото студија и музички бендови.

Протестот е планиран на крстосницата помеѓу бул.„Александар Македонски“, ул.„16-та Македонска бригада“ и ул.„Интернационални бригади“.

Поради тоа МВР ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на овие сообраќајници. Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts