vesti24.mk
ЗАБАВА

Уште еден возач на „Tesla“ си ја предизвикал судбината: Седнал на совозачкото место и му го препуштил воланот на компјутерот

ECA

Колку автомобилите стануваат технолошки посовршени, се чини дека нивните сопственици тргнуваат во спротивен еволутивен правец.

Иако компанијата „Tesla“ предупредува дека нивниот систем на полуавтономно возење не е проектиран да се користи без надзор на возачот кој во случај на непредвидени околности би требало во истиот момент да ги преземе управувачките команди, некои сопственици го игнорираат ваквото предупредување, додека други судејќи по се не се добро информирани.

Така, еден сопственик на „Model X“ ја снимал внатрешноста на своето возило од совозачкото место додека автомобилот се движел по автопат со помош на асистенција од авто-пилотот, заобиколувајќи други возила, а местото на возачот било празно.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts