vesti24.mk
ВЕСТИ ЕКОНОМИЈА

ФАКТОР: Инсајдерски информации за продажба ја креваат цената на акцијата на ЗК Пелагонија: Кој ги манипулира акционерите

ECA

Обид за манипулација на помалите акционери во ЗК Пелагонија се врши во изминативе пет дена, тврдат извори меѓу нив за Фактор. Тие велат дека на таков начин вештачки се крева цената на акцијата на комбинатот, а тоа според нашите информации го прават некои берзански шпекуланти и брокери.

Имено, според нашите информации, во истиов период има интерес од сериозни глобални инвестициски фондови во земјоделскиот сектор кои веќе имаат огромни инвестиции во земјоделството во регионов, а кои пројавувале интерес за откуп и на ЗК Пелагонија. Проценетата цена е од околу 50 милиони евра, а во понудата влегува Агрокомбинатот, Електраните од 6 мw и Здравје Радово. Во случај на реализација на такво сценарио, акцијата на ЗК Пелагонија би вредела 15.000 денари.

Знаејки ги тие инсајдерски информации во моментов практично се манипулираат помалите акционери и се тргува со нивните акции кои им се откупуваат по цена од 3.900 до 4.500 денари.

Ова е случај за кој од утре мора да се ангажира и Комисијата за хартии од вредност и Македонската берза. Движењето на цената на акциите и промените треба да се испитаат и да се утврди дали има вештачко кревање на вредноста на акциите.

Наши извори кои се засегнати велат дека само навремена реакција на надлежните ќе се совпадне со заложбите на земјата па и на Владата за привлекување на стратешки инвеститори како и за измена на Законот за продажба на земјоделско земјиште на странски инвеститори.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts