vesti24.mk
ЗАБАВА ТЕХНОЛОГИЈА

Фејсбук нуди нова услуга за онлајн трговија

ECA

Фејсбук почнува со нова услуга –  „Продавници“ (Shops) – што ќе им овозможува на бизнисите да изложат и продаваат производи на платформите на најголемата социјална мрежа во светот. Тоа го најави извршниот директор Марк Цукерберг.

„Мислам дека ова е особено важно сега затоа што многу мали бизниси се преместуваат на интернет за справување со економските последици од Ковид-19“, напиша Цукерберг на личниот профил на Фејсбук. Според него мрежата ќе работи во соработка   со Шопифај (Shopify) и седум други платформи за онлајн трговија.

Интернет-продавниците ќе бидат достапни преку Фејсбук и Инстаграм, ќе има и опција за плаќање преку платформите, а клиентите ќе можат да комуницираат со трговците преку WhatsApp и Messenger. Услугата „Продавници“ ќе биде бесплатна за бизнисите и се очекува да го зголеми интересот на потрошувачите и тоа ќе доведе до зголемување на платено рекламирање. (МИА)

извор:курир.мк

Loading...

Related posts