vesti24.mk
ЗАБАВА ТЕХНОЛОГИЈА

Фејсбук ќе забрани содржина што го негира холокаустот

ECA

Фејсбук соопшти дека ќе забрани содржина што го негира холокаустот или ја нарушува вистината за ова прашање, објавија Асошиејтед Прес и Ројтерс.

Социјалната мрежа ќе ги насочи корисниците кон сигурни извори кога бараат информации за холокаустот.

Извршниот директор на Фејсбук, Марк Цукерберг ја објави денеска новата политика на социјална мрежа, што е последен обид на компанијата да преземе мерки против ширење на теории на заговор и дезинформации во пресрет на претседателските избори во САД на 3 ноември, објави Асошиејтед Прес.

Одлуката уследи откако преживеаните од холокаустот ширум светот учествуваа во кампања во текот на летото за да го охрабрат Фејсбук да ја отстрани содржината што ја негира холокаустот од својата платформа.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts