vesti24.mk
ВЕСТИ

Физички пресметки во повеќе градови- „летале“ тупаници

ECA

Нетрпеливоста меѓу луѓето или стресниот период кој произлезе од коронавирусот, го зголеми бројот на физички пресметки. Мажи вчера се тепале пред коперација, пред зграда или дома, но и на улица, жена пак во Гостивар физички нападнала две девојки.

Билтенот на МВР за вчера бележи зголемен број на физички пресметки во Крива Паланка каде браќа со тупаници решавале проблеми, а во село Русиново пред продавница двајца делчевци со тројца помлади од нив беровци си ги „одмериле силите“ со тупаници.

Во Чаир пак, според полицијата, пред зграда, дваесет и двегодишно момче било нападнато со остар предмет, а на паркинг во Аеродром пред кафеана имало тепачка меѓу еден средовечен маж со двајца помлади.

Саботните тепачки не го заобиколија ниту Прилеп каде маж пријавил дека во близина на аптека ем го натепале, ем го ограбиле.

Мажи вчера се тепале и во Битола и Врапчиште, а жени во Гостивар, но вчерашниот ден е заокружен со вооружена престрелка на Бит Пазар каде е повреден 48-годишен маж во кого пукале негови познаници.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts