vesti24.mk
ВЕСТИ

Филипче по налог на Заев и СДСМ подготви протокол за изборна кампања среде корона?

ECA

Комисијата за заразни болести изготви Протокол за изборната кампања, денот на изборите и целиот изборен процес, пренесе министерот за здравство Венко Филипче. Минситерот се вади на барања на претседателот Стево Пендаровски.

Познавачите на состојбите толкуваат дека ова е направено по налог на Заев и СДСм, на кои им се брза за избори во пресрет на економската криза која доаѓа поради нивната не/реакција на корона кризата, особено имајќи предвид дека вчера имавме четири смртни случаи од КОВИД-19 и процент на заразени наспрема тестирани кој е во постојан непроменлив тренд, без намалување на статистиката.

Контрадикторно, но во исто време кога подготви протокол за изборна кампања, Филипче најави и дека ќе бара продолжување на вонредната состојба?!

Протоколот на Филипче, тој вели дека произлегува од генералните препораки за заштита на здравјето на граѓаните и е составен од четири дела. Еве што соддржи протоколот:

Предизборна кампања да се одвива согласно препораките и генералните правила за движење, а сите активности во кампањата треба да се одвиваат со почитување на физичката дистанца од 1,5 до 2 метри. Задолжително носење маска или прекривка на устата и носот за време на кампањата, секогаш на затворено и на отворено кога не може да се одржува дистанца.

При собири и други наста ни во кампањата мора да се почитуваат погоре наброените мерки, а дури и за помали собири да се користат разгласни уреди.

Кампањата врата на врата да се одвива со почитување на сите протоколи и да не се влегува во домаќинствата, туку средбите да се одржат на врата или во дворовите, со одржување на физичка дистанца.

За партиските активности во штабовите и на отворено важат истите мерки, при што членовите и активистите во штабот може да се задржат најмногу 2 часа и потоа да се направи проветрување и дезинфекција на просторијата.

На штандовите на отворено да нема голем број активисти, додека партискиот превоз со средства за јавен превоз да се одвива со максимум 50% од капацитетот, со заштитна опрема и обезбедено средство за дезинфекција од превозникот.

На денот на изборите, членовите на гласачките одбори да носат заштитна опрема, во просторијата да се седи со отворени прозорци или да се прави проветрување на 1 час.

На гласачкото место да има задолжително средство за дезинфекција, а гласачите надвор да чекаат на растојание од 2 метри.

Гласачите да носат заштитна опрема и да вршат дезинфекција на рацете пред да влезат, при идентификација со приложување лична карта да ја симнат кратко маската, да стојат на дистанца и пак да ја стават маската.

Да нема повеќе гласачи од бројот на боксови за гласање на едно гласачко место.

Исто така ќе се препорача зголемување на времето за гласање за 2 часа.

Прес-конференцијата е во тек.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts