vesti24.mk
ВЕСТИ ЕКОНОМИЈА

Фирмите имаат рок до 10 ноември да поднесат барање за финаниска поддршка од државата

ECA

До 10ти месецов фирмите имаат рок да поднесат барање за финансиска помош за исплата на плати за месец октомври, информираше директорката на УЈП Сања Лукаревска.

Аплицирањето ќе се одвива електронски преку системот на УЈП. Но, фирмите претходно ќе треба да исполнат неколку услови. Одговор дали ги исполнуваат условите ќе добијат во рок од 3 дена, а финансиската помош ќе се исплаќа до 15ти секој тековен, за претходниот месец. Помошта ќе биде скалеста од 14 500 до 21 776 денари по вработен.

„Износот на помошта по вработен ќе зависи од степен на намален приход и тоа ако е намален приходот од 30% до 40% предвидени се до 14 500 денари. За намален приход од 40,01% до 50% е 15 955 денари по вработен. До 60% 17илјади.“ истакна Сања Лукаревска, директор на УЈП

Наредниот месец ќе се исплати и помошта за ранливите категории граѓани и пензионерите во висина од 6 илјади денари. Овој пат парите ќе се исплаќаат директно на трансакциските сметки на граѓаните, а не на платежни картички како што беше пракса претходниот пат. Министерот за финансии Фатмир Бесими истакна дека се одлучиле за ваков чекор со цел да се намалат гужвите во банките.

„Ќе можат да вршат плаќање на маркети. Оттаму на фискалната сметка ќе има евиденција кои производи влегуваат во платежната картичка, истата евиденција банките ќе ја имаат и за овој промет. Значи владата ќе знае колку од средствата се реализирани за оваа намена, за производите од домашно производство и ќе има точна евиденција секој корисник колку потрошил.“ изјави Фатмир Бесими, министер за финансии

Наредната недела пак, на сметките на граѓаните ќе легнат парите од викендот без ДДВ. Собранието синоќа изгаса закони со кои дел од мерките од 4тиот пакет веќе може да се реализираат. Пакетот тежи 470 милиони евра.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts