vesti24.mk
ЗАБАВА

ФОТО: Манекенката која се омажи сама за себе пред 90 дена се разведува, вели „било убаво додека траело“

ECA

Манекенката Крис Галера која пред само 90 дена одлучи да се омажи сама за себе, сега става точка на тој брак бидејќи го запознала вистинскиот.

Галера, која неодамна наполни 33 години, во септември беше хит во медиумите со изјавата дека не може да го најде вистинскиот маж за да се омажи, и затоа ќе стапи во брак сама со себе.

-Вистина е. Впловив во сологамија и одлучив да се омажам за сама себе. Ја славам љубовта кон самата себе и сакам да бидам инспирација за жените да ја зголемат самодовербата, напиша манекенката која пред неколку месеци објави фотогтафија во венчаница.

Говорејќи за својот кус брак вели дека „беше убаво додека траело“.

-Почнав да верувам во љубов кога запознав еден посебен маж, признава Крис.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts