vesti24.mk
ЗАБАВА

ФОТО: „Најк“ лансира патики со „Плејстејшн 5“ мотиви

ECA

Компанијата за спортска облека и опрема, „Најк“ наскоро планира да пушти в продажба патики дизајнирани со мотиви на конзолата „Плејстејшн 5“ на Сони.

Две верзии на патики „ПГ-5 x ПС-5“, со различни комбинации на бои се појавија на Инстаграм на крајот од март, а сега е познато дека продажбата ќе почне во мај. Патиките ќе чинат 110 долари (91 евро).

Претходните модели кои произлегоа од соработката на „Плејстејшн“ и „Најк“ беа во многу ограничен број, па анегдотата вели дека купувачите имаат поголема веројатност да дојдат до конзолата ПС-5 отколку до овој модел на патики.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts