vesti24.mk
ЗАБАВА

ФОТО: Прослава за роденденот на пандите во зоолошката градина во Москва

ECA

Во зоолошката градина во Москва е организирана прославата за роденденот на пандите Динг Динг и Ру Ји, кои претседателот Владимир Путин ги добил како подарок од кинескиот колега Кси Џинпинг.

Пандите за роденден добиле многу овошје и цвеќиња, посебно лубеници и бамбуси, како и играчки на кои многу им се израдувале.

Посетителите на зоолошката градина биле воодушевени од роденденската забава во чест на пандата.

Тие спаѓаат во една од најомилените видови на животни, но се и еден од најзагрозените светски видови.

Љубителите на животни континуирано се обидуваат да ја разбудат свеста на меѓународната заедница во обид да се заштитат пандите за никогаш да не изумрат.

“World Wide Fund for Nature” проценува дека во дивината живеат околу 1.860, а во зоолошките градини има околу 100 панди.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts