vesti24.mk
ЗАБАВА

ФОТО: Фотографирал бранови и во нив се појавил ликот на познатиот бог на морето

ECA

Фотографот на Би-Би-Си, Џеф Оверс овековечил момент при удар на бран во пристаниште. Според пишувањата, на фотографијата се покажало лицето на римскиот бог на морето, Нептун.

Оверс истакнал дека фотографијата е снимена околу девет часот наутро и дека ударите на ветерот биле со јачина од околу 80 километри на час.

-Ова стана популарна локација за фотографите бидејќи морето буквално врие при силен ветер. Брановите удираат во пристаништето и повремено прават облик кои изгледаат како лица, вели Оверс.

Објаснува дека воопшто не ја менувал фотографијата односно на неа ништо не менувал.

Фотографијата е настаната на брег во источен Сасекс за време на бура.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts